-Инвеститорите земаа здив бидејќи вестите покажуваат дека потрошувачката продолжува силно да расте и покрај зголемените цени и прекините во синџирите на снабдување, вели Брајан Јакобсен, стратешки аналитичар во „Allspring Global Investments“.

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути се искачи на нови највисоки нивоа во последните 16 месеци.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 96,05 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 95,42 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 114,15 на 114,85 јени, што е највисоко ниво во последните четири и пол години.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1320 долари, ново најниско ниво од јули минатата година, додека вчера во овој момент беше 1,1380 долари. Зајакнувањето на доларот е резултат на силниот раст на трошоците во САД, што може дополнително да ја поттикне инфлацијата и да ја натера ФЕД да ја заостри монетарната политика побрзо и поагресивно од очекуваното.