Како што соопшти МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл сопственост на МВР и патничко моторно возило „шкода фабија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(37) од Скопје. Во незгодата, полицискиот службеник-мотоциклист се здобил со повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид бил извршен од екипа на СВР Скопје.