На 18.02.2022 во 12.40 часот на ул.„7ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги лишиле од слобода Ѓ.К.(48) и Н.К.(26), двајцата од Кавадарци, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.