Полицијата ја обезбедува зградата во која живее Коста Кецмановиќ, момчето кое денеска во училиште во Белград уби 9 и рани 6 лица.
„Блиц“ пишува дека е забранет влез во зградата, а се претресува станот. Како што кажале соседите, родителите на момчето отсекогаш биле љубезни. Момчето има и сестра.
„Често ги гледав, тој е познат доктор. Имаат и помала ќерка. Момчето секогаш беше културно и фино, но секогаш повлечено“, вели еден од работниците во близина на зградата во која живее семејството на момчето.
Во зградата заедно живеат родителите на Коста и неговата помлада сестра.
„Кога одговара, само ја спушта главата и трепнува, толку беше повлечен“, опишува сосед кој бил близок со семејството.
Како што вели, детето одело и во музичко училиште.
„Да ви кажам искрено, толку пати сум била кај нив. Но, не знаев дека има пиштоли, тоа мора да се обезбеди… “, вели сосед кој сакал да остане анонимен.
Раскажал дека семејството со години живее на оваа адреса. Тој додава и дека Коста постојано менувал училишта, но не знае зошто.
„Постојано одеше на натпревари, беше одличен ученик, не знам што се случи“, коментираше тој.
Момчето имало список со 15 луѓе за ликвидација, а од нив убило три. Родителите на детето се уапсени. Политичарите од регионот изразија сочувство и жалат за загубите. Белградска Н1 соопшти дека според податоците од швајцарскиот истражувачки проект Small Arms Survey од 2018 година Србија се наоѓа на третото место во светот по бројот на оружје во рацете на цивилите.