Доцна попладневно полицијата упаднала во домот на новинарот Марјан Стаменковски во скопската населба Влае, пренесува Плусинфо.
Стаменковски е сопственик и уредник на порталот ДоказМ.
Полицијата врши комплетен претрес во домот на Стаменковски, во обид да најде докази за извршени противзаконски дејствија.
Во моментов, не се знае точно што бара полицијата. Според сознанија на Плусинфо, можно е претресот да е поврзан со написи на Марјан Стаменковски за полицијата и за Јавното обвинителство.
Стаменковски има помош од адвокат, но МВР засега не соопштува ништо за настанот. Засега дознаваме дека претресот се врши по налог на Основното јавно обвинителство.