Откако портпаролот на МВР, Тони Ангеловски помпезно најави дека е приведен осомничен за лажните дојави за бомби во средните училишта, доцна вечерва приведениот Никола Николовски е ослободен од полицијата без никаква пријава – дознава Радио Лидер.

Како што дознаваме, праќачите на заканите за бомбашки напади манипулативно го ставиле името на Николовски и неговиот телефонски број во меиллвите со заканите за бомбашки напади, што за полицијата било доволно спектакуларно да го приведи младиот скопјанец и да го вознемирува неговото семејство. Откако повеќе од десет часа Николоски бил задржан во полиција, бил извршен и претрес во неговиот дом, по што тој е ослободен од понатамошно гонење од МВР.

Дваесет и три годишниот скопјанец доби поддршка од многумина на социјалните мрежи, кои ова момче го претставија како успешен пример за околината.

Сепак и покрај евидентноте негодувања на сите кои го познаваат познатиот инстаграмџија кој го користи псевдонимот “Боемот”, партиската структура на СДСМ и порталите верни на владејачката партија ширеа пропаганда дека тој е човекот кој ги праќал мејловите со дојави.