Властите на Франција и Монако соопштија дека е разбиена меѓународна криминална група со потекло од Балканот, која дејствувала во тие земји.
Во рамките на операцијата на полицијата на две држави, на 3 октомври беа уапсени 17 лица, по што беа поднесени пријави против 11 лица, пренесува Фигаро.

Тие се осомничени за трговија со оружје, дрога и перење пари преку лажни фирми. Станува збор за прекршоци за кои е предвидена казна затвор од 10 години. Според Паризјен, меѓу членовите на криминалната група имало и српски државјани.

Весникот пишува дека истражителите откриле дека главната улога во организациската шема на криминалната група ја имал Србинот Б.В. „кој се фалеше дека убива и мачи луѓе“.

При претресот полицијата запленила два пиштола, нешто повеќе од 19.000 евра во кеш, рачни часовници и блиндирано „ауди А8“.