Полицијата откри 668 илегални мигранти на подрачјето на Белград, Суботица, Сомбор, Кикинда и Шабац и во соработка со Републичкиот комесаријат за бегалци ги префрлила во прифатните центри, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Србија.

Во акцијата за борба против илегалната миграција во која учествувала и жандармеријата, полицијата открила 180 мигранти во Суботица, како и во импровизирани објекти во шумскиот појас долж границата со Унгарија, додека на повеќе локации во Белград затекнала 163 илегални мигранти.

На подрачјето на Лозница, Мали Зворник и Љубовија полицијата пронашла 136 илегални мигранти и од нив 129 на повеќе локации во Сомбор. Акција била спроведена и на подрачјето на Кањижа, каде полицијата пронашла 60 илегални мигранти.