– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, таблети, гасен пиштол марка „Steyr Manliher“ и една дигитална вага, информираат од Министерство за внатрешни работи.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.