На 01.07.2021 во 19.10 часот на бул.„Србија“ во близина на бензинска пумпа од страна на полициски службеници од Единица за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Кисела Вода, отсек Потраги, од слобода е лишен А.М.(35) од Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен Суд Скопје за издржување на казна затвор. Тој е осуден за сторено кривично дело „кражба“ по чл. 235 од Кривичниот законик. А.М. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.
Полицијата уапси крадец од Скопје
П
Полицијата соопшти дека е приведен крадец од Скопје.
Хроника
02.07.2021. 11:36