Во Тетово и Гостивар во моментов се одвива голема полициска акција, а уапсени се десетина лица, информира ТВ24.

Акцијата уште е во тек, а причината за апсењето е поради основано сомнение дека лицата вршеле сексуална експлоатација на дете. Од МВР ја потврдуваат акцијата, но детали најавуваат за утре.

 

Во слична полициска акција претходно беа уапсени девет лица, од Тетово, Скопје и Велес, за полова злоупотреба на немоќно лице и за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Инаку кривичните дела Трговија со дете и Полова злоупотреба на немоќно лице предвидени се затворски казни од најмалку 8 години, додека за кривично дело Производство и дистрибуција на детска порнографија затворска казна од 3 до 5 години.