Денеска околу 02:00 часот на ул.„Македонско – косовска бригада“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници од Швајцарија, затоа кај нив била пронајдена марихуана. По целосно докумнетирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На подрачјето на Кисела Вода, денеска во 01:15 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.М.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска во 00:45 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Г.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 20:45 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.К.(24) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени таблетки. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На подрачјето на Карпош, вчера во 21:00 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(36) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 21:15 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(22) од Велес, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и таблета. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На подрачјето на Ѓорче Петров, вчера во 23:10 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Н.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.