Мерките ќе бидат во сила една седмица, односно до 13 август 2021 година, а полицискиот час ќе биде од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро, додека пак музиката ќе биде забранета во текот на целиот ден.

Дополнително, како што соопштија од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, забрането е организирање на секаков вид собири на над 20 лица во приватни простори, во спротивно, предвидени се казни од 50.000 до 200.000 евра.