Според полициското соопштение, вежбовните активности ќе се спроведуваат на просторот кај езерската полиција во Охрид, а во текот на тактичките вежби, што ќе се реализираат во различни периоди од денот, ќе биде користена маневарска муниција.
За време на вежбите ќе бидат преземени сите неопходни безбедносни мерки поради што, се молат граѓаните за разбирање и почитување на насоките на полициските службеници.