Секоја среда во 20 часот на Радио Лидер се емитува емисијата „Шеш беш“ чија цел е политички сеир за актуелните теми од оваа област. Како што и водителите Александар Бичиклиски и Јован (Ване) Петров ја нарекуваат „емисија од другата страна на политиката“ ова шоу слушателите го сакаат заради релаксираната атмосфера и рекапитулација на настаните од претходната недела.

Во вечерашното издание на емисијата „Шеш беш“ се зборуваше за тековните случувања од овие 7 дена, а како главна вест беше претепувањето на Христијан Пендиков и процедурите кои не се запазиле, изјавите на Пендаровски и неговиот „патриотизам“ на зборови околу односите со Бугарија, МКЦ и случувањата поврзани со овој центар, проблемите во Град Скопје заради градоначалничката Данела Арсовска и слично.

Уште една интересна емисија и политички сеир на нелогичностите на власта. Во продолжение може да погледнете целата емисија. Не пропуштајте!