Европската унија ќе го казни Apple со околу 500 милиони евра (539 милиони долари) за наводно прекршување на правото на ЕУ за конкуренција, објави во неделата „Фајненшл тајмс“, цитирајќи неименувани извори.

Злоупотреба на позицијата

Од Европската унија тврдат дека Apple ја злоупотребиле својата позиција, па оттука следува и оваа казна. Изданието тврди дека се очекува казната да биде објавена на почетокот на следниот месец.

Обвинувања за нарушување на конкуренцијата на пазарот за стриминг музика

Минатата година, Европската комисија го обвини Apple за нарушување на конкуренцијата на пазарот за стриминг музика преку правилата на App Store кои ги спречуваат програмерите да ги информираат корисниците за други опции за купување содржина.

Двете засегнати страни без коментар

И Европската комисија и Apple одбија да ги коментираат тврдењата во публикацијата на Financial Times, објави Ројтерс.