Тој за полското радио изјави дека и Варшава е отворена за разговори со Белорусија, но само на техничко ниво, пишува ТАС.

-Полска е отворена за преговори со Русија, но сметаме дека разговорите за Белорусија, полско-белоруските односи и иднината на Белорусија треба да се водат со белоруската опозиција, посочи Рау, истакнувајќи дека разговорите со сегашните белоруски власти на техничко ниво се единствената можна опција..

Рау нагласи дека има потреба од покренување прашања поврзани со политичката иднина на Белорусија и дека тоа е значајна цел на полската политика во која верува белоруската јавност. Полскиот министер ја нарече Русија „директор“ на актуелната гранична криза, а Белорусија ја опиша како „изведувач“.

Рускиот претседател Владимир Путин ги критикуваше претходните обвинувања против Русија за наводно мешање во ситуацијата со мигрантите на границата меѓу ЕУ и Белорусија, како обид да се префрли одговорноста на друг. Според него, Русија нема никаква врска со тоа прашање, а западните земји бараат некого да обвинат за да ја избегнат нивната одговорност за настаните.