Авганистанското Министерство за спречување на пороците и за промоција на доблестите неделава воведе девет правила, што се однесуваат на забрана на сите медиуми кои се спротивставуваат на „исламските или авганистанските вредности“.

Дел од указите се однесуваат на жените.

Меѓународната организација за заштита на човековите права „Хјуман рајт воч“ (ХРВ) соопшти дека се влошува слободата на медиумите во Авганистан.