Репрезентацијата на Полска синоќа во Рим ја победи Италија во финалето на Европското одбојкарско првенство со резултат 3:0 (25:20, 25:21, 25:23).
За Полска ова е втора титула на континенталните првенства. Во 2009 година Полјаците во финалето ја победија Франција.
Во мечот за третото место селекцијата на Словенија беше поуспешна од Франција со 3:2 (25:22, 25:16, 21:25, 18:25, 15:11).
На Европското првентво 2023 учествуваше и македонската репрезентација која во осминафиналето беше елиминирана од Италија.