Жобро е член на партијата Солидарна Полска и го обвинува Брисел дека се обидува да ја смени власта во Полска под изговор за зачувување на владеењето на правото.
– ЕК поставува невозможни услови, бидејќи нејзината вистинска цел не е да го постигне наводното владеење на правото, туку да ја смени власта во Полска, истакна Жобро, додавајќи дека тоа е порака до Полјаците дека нема да добијат пари доколку ја поддржуваат актуелната Влада.
Брисел е против реформата во судството што ја спроведува полската Влада, тврдејќи дека ја поткопува независноста на судиите и го политизира судството.
Според полската Влада потребни се реформи за да се поправи „неефикасениот“ правосуден систем.
ЕК бара Полска да го затвори контроверзниот Дисциплински совет на Врховниот суд и да ги врати разрешените судии на функцијата како предуслов за активирање на милијарди евра од Фондот на ЕУ за закрепнување од пандемијата. ЕК веќе ја одложи исплатата на 36 милијарди евра, а Европскиот парламент сака да го активира „механизмот на условеност“ од правилата за финансирање, за да изврши дополнителен притисок врз Варшава.
Жобро тврди дека постапките на ЕК се нелегитимни и се закани со контрамерки кон Варшава.
– Полска треба да одговори на уцените на ЕУ со ставање вето на сите прашања за кои е потребен консензус во ЕУ, наведе Жобро.