Полска досега ја зајакна постојната ограда на околу 60 километри од границата со Белорусија, соопшти полската гранична стража.
Работите се одвиваат според планот и се очекува да завршат до крајот на јуни, за агенцијата ПАП изјави портпаролката на Граничната стража.
Полската граница со Белорусија е долга 418 километри, од кои 186 километри се копнена граница. Кон крајот на летото и есента минатата година, ситуацијата таму ескалира бидејќи илјадници луѓе се обидоа илегално да влезат во ЕУ.
ЕУ го обвинува белорускиот претседател Александар Лукашенко дека намерно внесува мигранти од кризните подрачја за да изврши притисок врз ЕУ.
Бројот на нелегални обиди за преминување на границата се зголеми во последните недели како што доаѓаат потоплите денови.
Во петокот 76 лица се обиделе да ја преминат границата, соопшти граничната стража.
Полската војска кон крајот на август лани веќе крена привремена ограда. Станува збор за бодликава жица висока 2,5 метри. Од крајот на јануари оваа оградата постепено се заменува со постојана ограда висока 5,5 метри со камери. Целиот проект Полска ја чини 366 милиони евра.