Шефот на Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја (НИС) Парк Ји Вон изјави денеска дека Северна Кореја би можела да изврши нуклеарна проба во периодот меѓу инаугурацијата на новоизбраниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол и посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Сеул, објави новинската агенција Јонхап.

Инаугурацијата е планирана за следниот вторник, а Бајден треба да ја посети Јужна Кореја кон крајот на овој месец.

– Ако Северна Кореја ги направи своите нуклеарни боеви глави помали и полесни, ќе може да носи и ракети со краток дострел. Потенцијално нуклеарно тестирање е многу важно за нас, бидејќи може да ги загрози и Јужна Кореја и Јапонија, истакна Парк во телефонски разговор за агенцијата Јонхап.