ФИФА ги одреди судиите за финалето на Светското првенство 2022 кое се игра во Катар.
За главен судија на натпреварот меѓу репрезентациите на Аргентина и на Франција е назначен Шимон Марчинијак. Полјакот веќе им судеше на овие селекции на Светското првенство во Катар. Тој ја делеше правдата на натпреварите Франција – Данска (2:1) и Аргентина – Австралија (2:1).
На Марчинијак ќе му помагаат Павел Соколницки, Томаш Листкиевич и Томаш Квјатковски. з