Мрме „распали“ по ФФМ дека им се важни само личните интереси, Пандев жестоко му одговори
Поранешниот селектор на македонската репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, преку социјалните мрежи реагираше на изборот на нов селектор, оценувајќи го процесот како несериозен. Тој упати критики кон Фудбалска федерација на Македонија, посочувајќи дека во федерацијата доминираат лични интереси. Реакцијата на Ангеловски предизвика брз и жесток одговор од Горан Пандев.
Пандев: „Помина времето на шуто и рогато“
Пандев во јавна објава го нарече Ангеловски „шарлатан“ и „замислен Наполеон“, обвинувајќи го дека секогаш се става во прв план. Тој потенцираше дека Ангеловски во последните години не се задржал подолго во ниту еден клуб. Во пораката, Пандев му порача дека поминало времето на „шуто и рогато“ во ФФМ и дека е време за пензија.
View this post on Instagram
Вербалната пресметка предизвика големо внимание во спортската јавност.
