Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во ноември 2021, во однос на октомври 2021 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се непроменети.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во ноември 2021 година е понеповолна во однос на претходниот месец, a поповолна во однос на ноември 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

-Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2021 година изнесува 69.6 проценти од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат: недоволната странска побарувачка со 20,1 процент, неизвесното економско опкружување со 15,5 проценти, недостигот на квалификувана работна сила со 15 проценти и недоволната домашна побарувачка со 12,9 проценти.