Протестите продолжуваат од 17:00 часот пред МНР во Скопје, информира Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој соопшти дека протестите продолжуваат затоа што Зоран Заев и Бујар Османи кријат за што се преговара и што се’ се подготвени да прифатат од бугарската декларација.

Андоновски и се заблагодари на македонската јавност на трпеливоста во метежите на улиците.

– Но треба сите да разбереме дека ова е наша национална борба, борба за спречување на разградувањето на македонската нација, потенцира тој.