Претседателот на државата, Стево Пендаровски попладнево ќе му го врачи мандатот на Талат Џафери, кој ќе биде мандатар на техничката влада.
Претседателот Стево Пендаровски, денеска – 26 јануари 2024 година, петок, во 15:00 часот, ќе му го врачи мандатот на Талат Џафери, за состав на преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот.
На денешната 139-та седница во Собранието беа констатирани оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието, Талат Џафери, додека Јован Митрески е избран за нов спикер на законодавниот дом.