Силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево го зафати Скопје. На единствениот број за итни ситуации 112 досега има пристигнато повеќе пријави за поплавени подрумски простории, улици, подвозници, паднати дрвја, оштетени кабли и падната бандера, информираат од Центарот за управување со кризи.
Од страна на Регионалниот Центарот за управување со кризи Скопје се известени надлежните служби за отстранување на опасноста и санирање на штетите, а испратени се и екипи за испумпување на водата од критичните точки.
Има паднато повеќе гранки од дрвја при првиот налет на локалното невреме во Скопје, а на ул. „Симеон Кавракиров“, во населбата „Мичурин“ во Аеродром паднало големо дрво на улицата што оштетило и возило во движење, а и паркирани возила.
Во ЦУК пријавено е дека се поплавени неколку подрумски простории на ул. „Јордан Мијалков“, спроти зградата на „Лимак“, две куќи поплавени во населба „Драчево“ на ул. „Славка Динкова“, големо
– Во 18:15 е отстрането од екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје и улицата е проодна. Исто така имало паднато голема гранка од дрво, во близина на аптека „Зегин“ на Бул. „Св. Климент Охридски“, информираат од ЦУК.
По силниот пороен дожд што во попладневните часови го зафати Скопје, на единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК пријавено е дека се поплавени неколку подрумски простории на ул. „Јордан Мијалков“, спроти зградата на „Лимак“, две куќи поплавени во населба „Драчево“ на ул. „Славка Динкова“, големо количество вода во подвозникот кај Тинекс, кај катната гаража (1м-2м) на ул. „Антон Попов“. Поплавувањето на подвозникот го попречува одвивањето на сообраќајот.
До ЦУК Скопје пријавено е дека и на Клиниката за Кардиологија се поплавени подрумските простории, каде што се салите за интервенција.
Во Центарот зауправување со кризи по невремето што го зафати Скопје биле пријавени две ситуации поврзани со опасност од електрична енергија.
– Во ЦУК, е добиена информација на Единствениот број за итни случаи 112 во којашто се наведува дека во с. Говрлево, месност „Брзовец“, е скинат кабел од струја и е животозагрозувачки, бидејќи виси на патот. Веднаш од страна на Регионалниот ЦУК Скопје се известени екипите на ЕВН и за кратко време истото опасниот електричен кабел се очекува да биде отстранет, информираат од ЦУК.
Во ЦУК, на рдинствениот број за итни случаи 112 е добиена информација дека на ул. „Борис Трајковски“, бр.7, има пријава за скршено дрво чијашто гранка е падната врз каблите со електрична енергија, а бандерата е навалена и жителите во таа околина немаат напојување со електрична енергија.
Исто така, на Булевар „АСНОМ“, бр.24, Скопје има пријава за навалена голема гранка од дрво во близина на првиот влез на зградата, постои опасност ако падне да повреди некого и да направи штета на паркираните возилата.
Од страна на РЦУК Скопје се известени екипите на ЕВН и за кратко време се очекува да се интервенира од надлежните за отстранување на опасностите.
Покрај оваа информација во ЦУК, на бројот 112 имало пријава дека на улица „191“ во Горно Лисиче има скршена бандера од струја којашто виси над дворот од куќата и се држи единствено на каблите и постои опасност да падне.
Од УХМР велат дека низ државата и во вечерните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Слично време се очекува и утре.
– Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места се можни поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, повремено нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме, информираат од УХМР.