Попов потенцира дека во политиките на СДСМ кои ги спроведува кон младите единствено може да се видат укинувања на добрите проекти, а од друга страна не ги реализираат ни тие проекти кои ги ветија како што се на пример 4 студентски градови, во Скопје, Битола, Штип и Тетово, од кои ден денешен ни шајка нема заковано.

-Снимив едно видео во студентскиот дом „Стив Наумов“ во кој ги презентирав условите на македонските студенти и верувајте тоа личеше а хорор филм. Ветуваа студентска платежна картичка за низа попусти за превоз, читални, театри, кино, а ги укинаа проектите од УМС НА ВМРО-ДПМНЕ како што беше „Слободен четврток“ во каде студентите бесплатно ги користеа сите можни културни установи, имаше бесплатен студентски и средношколски превоз, постоеше проект „Средношколска среда“, потоа бесплатен превоз со воз, истакна Попов.

Тој посочи дека постои разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а тоа е во пристапот, бидејќи од ВМРО-ДПМНЕ, а ниту од УМС нема да слушнете лажни ветувања за брда и долини како што прави СДСМ и тоа младите го препознаваат и затоа се повеќе пристапуваат кон УМС.

– УМС имаше акција за пристапување во која над 1000 нови млади членови ни се приклучија, бидејќи младите ги препознаваат патриотизмот и добрите политики на ВМРО-ДПМНЕ. Унијата на млади сили е гласот на секој млад човек кој се чувствува обесправено, оставен на маргините, ние сме гласот и на младите кои не се задоволни од политиките на власта. Ние сме организација која преку своите кадри и идеи ќе понуди опција како да останат во Македонија, како да работат и напредуваат и да бидат горди на сопствената држава, нагласи Попов.