Неплатени сметки за електрична енергија оставиле без струја повеќе факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и зградата на Ректоратот.

Порталот „Скопје1“ објави дека според нивни сознанија, од утринава електрична енергија немаат Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет.

Според информации на порталот, станува збор за долг од околу половина милион евра кон операторот за снабдување со електрична енергија, при што најголемиот дел од неплатените обврски се однесувале токму на факултетите.

Исто така, според пишување на „Скопје1“, исклучувања во наредните денови не се исклучуваат ниту кај културните институции, а опасност од прекин на снабдувањето има и кај Пошта.

Засега не е познато колку долго универзитетските објекти ќе останат без електрична енергија ниту дали ќе следуваат нови исклучувања или институциите во меѓувреме ќе подмират дел од долговите.