Неплатени сметки за електрична енергија оставиле без струја повеќе факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и зградата на Ректоратот.
Порталот „Скопје1“ објави дека според нивни сознанија, од утринава електрична енергија немаат Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет.
Исто така, според пишување на „Скопје1“, исклучувања во наредните денови не се исклучуваат ниту кај културните институции, а опасност од прекин на снабдувањето има и кај Пошта.
Засега не е познато колку долго универзитетските објекти ќе останат без електрична енергија ниту дали ќе следуваат нови исклучувања или институциите во меѓувреме ќе подмират дел од долговите.
