Се надеваме дека бројките кои во последните неколку дена се стабилизираа, ќе почнат да паѓаат, особено ако се придржуваме до мерките и ако внимаваме, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во изградбата на мостот „Љубљанска“.

Во однос на зголемениот број КОВИД случаи, посебно во Тетово и Гостивар, Заев рече дека главно се работи за граѓани со хронични болести. Но, тоа што се случува кај нас, додаде, се случува и во регионот и во светот, и според бројките и според смрноста. Ако повеќе се внимава и ако бидеме поодговорни, ситуацијата ќе биде подобра.

Не би сакал да зборувам подетално од тоа што министерот за здравство и Комисијата го кажуваат, но јас како претседател на Владата кој има обврска да ги следи парамтерите, би рекол дека е добро што последните денови бројките се стабилизираат во Тетово и Гостивар. Тоа значи дека силата на вирусот се намалува, мерките веројатно давата резултат, а и граѓаните повеќе внимаваат, нагласи Заев.