Поранешниот министер за информатично општество и администрација, Дамјан Манчевски, основа свој бизнис за оперирање со дата-центри во регионот.
Од минатата недела еден од поранешните потпретседатели на СДСМ е основач на „Орион АИ Фактори“ во Македонија, пренесува „Фактор“, додавајќи дека Манчевски е еден од тројцата сопственици заедно со Орион Телеком Холдингс од Амстердам и Хемиски Инженеринг.
„Орион“ е 25 години телеком-оператор во Србија и таму ги нуди сите телекомуникациски услуги, освен мобилна телефонија, но еден од целите е оперирање со дата центри како партнерска компанија на „Енвидиа’“. Фокусот е на проширување во регионот и Источна Европа. Значи се работи за пет-шест земји, а се остава простор и за Македонија, која е цел но не примарна, туку приритет се проектите на пошироко, гледано географски, рече Манчевски на еден поткаст.
Еден од партнерите на Манчевски ќе му биде „Хемиски Инженеринг“, фирмата на бизнисменот Горјан Максимовски со која поседува огромен недвижен имот во комплексот на поранешен „ОХИС“. Маxимовски е и сопственик на плацот на Европски универзитет каде сака да гради огромна висококатница, повисока од таа на „Нова Македонија“, нешто што Општина Центар привремено го стопираше.
Повеќе на „Фактор“
