Како што јави дописникот на МИА од Софија, еден од аргументите на Костов е дека сегашните претставници на бугарските безбедносни служби не и се лојални на државата, бидејќи заминале на одмор и саботираат.

Како „мит на прикривање“ Костов го опиша тврдењето дека рокадите во безбедносните сили се затоа што тие бркале руски шпиони. Според него, вистината е дека тие не ја завршиле својата работа за најважните и најтешките прашања за Бугарија. „Турски тек“ преку Бугарија, АЕЦ Белене и заемите – тука немаше руски шпиони, туку има огромна придобивка за Русија од постапките на бугарската Влада.

Според него, чудно е што сегашниот министер за енергетика на Бугарија молчи за контроверзните прашања во овој сектор.

Костов вели дека одговорноста лежи во партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов, бидејќи тие мора да направат компромис за клучните реформи и да ги предводат другите бугарски политички партии во борбата против корупцијата.

Според него, политичката криза во Бугарија постои од 2009 година, во која има чести предвремени избори, а потрагата по причината ќе доведе до конфликт во бугарското општество.

Иван Костов е на ставот дека во последните 12 години се направени голем број реформи, но главната во судството не е завршена. Причината за ова е желбата фондовите на ЕУ во Бугарија да бидат „апсорбирани“ и да не се „инвестираат“.