Манчестер Јунајтед доживеа нов тежок пораз на домашен терен откако попладнево загуби со убедливи 0:4 против составот на Брентфорд. Натпреварот одигран на „Олд Трафорд“ донесе ново разочарување за домашните навивачи и продлабочување на кризата во редовите на клубот.

Се чини дека ниту промените на клупата не носат позитивен ефект врз играта и резултатите на тимот во актуелната натпреварувачка сезона.

Некогашниот англиски гигант продолжува со надолната линија во домашниот шампионат, а по ова 12. коло постои реална опасност да падне и на самото дно на табелата, во зависност од исходот на натпреварот на Кристал Палас.

Гостинскиот фудбалер Вилсон постигна два погодока во 19. и во 32. минута од средбата со што ја најави победата, додека Ајер и Шаде подоцна ја запечатија убедливата победа на Брентфорд.

Во вториот натпревар кој се одигра попладнево во терминот од 16 часот, тимот на Лидс оствари сигурна победа против Ковентри со конечен резултат од 3:0.