Кога станува збор за избор на претседател на СДСМ структури во партијата кои се пасивизирани и тргнати на страна веќе покажуваат амбиции за лидерската позиција, но тоа ќе оди потешко поради тоа што СДСМ го смени статутот и за изборот на претседател одлучуваат самите членови на директни избори.
На Бихаќка се уште се чека писмената оставка на лидерот Зоран Заев кој ја најави во неделата веднаш по поразот на локалните избори. Од партијата и раководството се уште молчат околу следните чекори и евентуалниот наследник на лидерската позиција. За избор на нов лидер сигурно ќе има повеќе кандидати, а свој кандидат сигурно ќе има и т.н „скопско крило“ а ќе се замешаат и кадрите кои гравитираат околу Бранко Црвенковски.
Две од имињата кои кружат последниве денови како замена на Заев во СДСМ се екс-градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и минисерката за одбрана Радмила Шеќеринска.
Инаку и Шеќеринска и Шилегов се познати како губитници на избори.
Шеќеринска е позната како личност која го има доживеано најголемиот пораз во историјата на СДСМ. Тоа се случи во 2008-ма година на парламентарните избори кога Шеќеринска беше претседател на партијата и изгуби со околу 250.000 гласа разлика од ВМРО-ДПМНЕ.
Се шпекулира дека во игра за нов лидер на владејачката партија, за кој веќе на големо се лобира е и Петре Шилегов, поранешене градоначалник на Скопје кој доживеа катастрофален пораз на локалните избори од независната кандидатка подржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска со речиси 30.000 гласа разлика.
Интересно е дека името на Шилегов се врти во комбинација и за можен мандатар, но и за кандидат за нов лидер на социјалдемократите. Шпекулациите се засилија откако Шилегов беше присутен на првата средба на Заев со коалициските и со владините партнери по неговата оставка.