Спасувачките екипи евакуираа неколку десетици жители од погодените области.
Според локалниот оддел за цивилна заштита, синоќа мостот на реката Сан Бартоломео делумно се урнал, но нема жртви. Неколку патишта на островот се блокирани од одрони.
Поројните дождови, кои го зафатија италијанскиот остров Сицилија, доведоа до излевање на реки, лизгање на земјиштето и нарушување на работата на аеродромот во Палермо. Поради лошите временски услови, три лета беа пренасочени кон Катанија и Трапани, објавија денеска италијанските медиуми.