Вчера попладне на скопската обиколница, кај клучката во населбата Радишани, целосно изгоре автомобил марка „порше“.

На местото интервенирала Противпожарната бригада на Скопје, додека полицијата го регулирала сообраќајот, кој во тој период се одвивал забавено.

Според информациите од терен, возилото се запалило додека било во движење. Жената која управувала со автомобилот не е повредена. Видео од запаленото возило сподели порталот „Маркукуле“ на својата фејсбук-страница,

Полицијата работи на утврдување на причините за пожарот.