Оваа изјава беше дадена во рамките на португалското претседателствување со ЕУ, кое од денеска е превземено од Словенија, а македонската влада упати остри реакции до официјален Лисабон по изјавата.
– Тоа што можам од разговорот со Силва е дека португалското претседателство покажа дека решение може да постои, потребно е само повеќе напор и разбирање. Министерот изрази жалење и ја реафирмираше уште еднаш позицијата на Португалија дека нивниот став е оној што го има во пишаниот документ што го доставија како предлог до Бугарија и Северна Македонија. А тоа е македонскиот јазик да остане во преговаракаата рамка. Претседателството има единствен предлог. Се менува претседателството, но не се менува предлогот. Јазикот е кодифициран од 1945 и никогаш не сме се пазареле за јазикот на билатерална основа, рече Османи.
Силва, министерот за надворешни работи на Португалија, за кого вчера беше последен ден претседавањето со ЕУ, на прашање на МИА да ги разјасни дилемите што се појавија во јавноста околу деталите од португалскиот предлог порача дека тој содржи „македонски јазик“, и дека изјавата на државната секретарка, Ана Паула Закаријаш, во која таа користи „северномакедонски јазик“ е грешка.