Како што јави дописникот на МИА од Софија, посетата ќе почне со официјална церемонија пред црквата споменик „Св. Александар Невски“, каде бугарскиот претседател официјално ќе го пречека својот португалски гостин.

Португалскиот претседател ќе положи венец пред споменикот на Непознатиот војник во Софија.

Претседателите на Бугарија и Португалија прво ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе се одржат пленарните разговори меѓу двете официјални делегации. Напладне, претседателите Румен Радев и Де Соуза ќе одржат прес-конференција во салата на Грбот на оружјето на претседателството.

За време на вториот ден од посетата во салата на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски “, на претседателот на Португалија ќе му биде доделена почесната титула „Доктор Хонорис Кауза “, проследена со предавање на темата „Европа – перспектива за иднината“.