Со зголемување на цената на електричната енергија, се зголеми и комуналната такса за јавното осветлување што ја има во секоја сметка за струја, испратена до домаќинствата. На новите сметки може да се забележи дека комуналната такса сега е 168 денари, а претходно беше 149 денари, објавува Слободен печат.
Во ЕВН објаснуваат дека, како што се променија износите на сите тарифи со поскапувањето на цената на струјата, така се промени и оваа ставка за јавно осветлување.
– Наплатата на паричните средства за комунална такса за осветлување се реализира преку ЕВН Македонија, но средствата во целост завршуваат во буџетот на општините кадешто припаѓа броилото на корисникот. Износот на комуналната такса е променет според одлуката донесена од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, согласно која се променија и останати тарифи со годинешното поскапување од 12,3 проценти – изјавија од ЕВН за „Слободен печат“.
Регулаторната комисија за енергетика врз основа на барањата на енергетските компании, односно врз база на податоци за нивни трошоци, како и врз основа на тендерската цена за струја од страна на ЕСМ како домашен производител, одобри зголемување на цената на електрична енергија за домаќинста за 12,3 проценти, со важност од 1 јули 2021 година до 30 јуни 2022 година.
Повеќе на Слободен печат