На зелените пазари во земјава се покачија цените на овошјето и зеленчукот. Трет ден по укинувањето на гарантираните цени, зеленчукот и овошјето, веќе се продаваат поскапо за неколку денари. Граѓаните велат дека цените се поскапи бидејќи никој не ги спречува трговците да ги ограничат цените. Тие ја потенцираат разликата меѓу високите цени и ниските плати
„Високи се цените, не можеме да врземе месец. Имаме мали плати, работам во јавен сектор и сеуште земам минимална плата. Не можам со една плата, за 10 дена ја трошам, 20 дена се задолжувам“, рече еден граѓанин.
„За тие што имаат пари се евтини, за нас што имаме ниски пензии се скапи. Работата на пазар е како лотарија, кога има доволно роба, цените паѓаат, кога има недостиг се зголемуваат цените„, рече еден граѓанин.
Трговците, пак, се жалат дека продажбата опаднала односно дека граѓаните се помалку купуваат. Производите на зелените пазари имаат краток рок на траење, па велат дека понекогаш се принудени да ги даваат без профит само за да не им се расипат на тезгите. Вината ја префрлаат на добавувачите и увозниците, кои ги зголемуваат цените. Се жалат и на поскапувањето на транспортот и нафтени деривати. Цените на овошјето и зеленчукот се поместени за околу 10 отсто повеќе.
Грција од 1 март презеде мерки за намалување на цените на околу 3.000 прехранбени и хигиенски производи за 18%.Инаку, платите во европските земји се значително повисоки и многу земји од ЕУ веќе донесоа закони за спречување на нефер трговски практики.