Министерот за здравство Беким Сали, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор Џемаил Чупи се разрешени од функциите. По две недели дебата, пратениците стигнаа до гласање.
Беким Сали разрешен од функцијата со 60 гласа „за“, против и воздржани немаше. За разрешувањето на Алити 64 пратеници гласаа „за“.
За Џемаил Чупи , 64 пратеници гласаа „за“ , 1 беше против.
На дневен ред се разрешувањата на замениците министри, по што следуваат именувањата.