Последните двајца пациенти повредени во пожарот во дискотеката во Кочани денеска беа отпуштени од Универзитетскиот клинички центар во Белград, јави дописникот на МИА од српската престолнина.
Станува збор за Ангела Бошковска (24) и Андреј Георгиев (23), кои пладнево ја напуштија Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при УКЦС.
Од болницата потврдија дека нивниот третман не е целосно завршен, но лекувањето на нивните повреди ќе продолжи во Северна Македонија.