Жешките летни месеци со себе носат неподнослива топлина и влага. Ова доведува до прекумерно потење, и дури човекот спие. Општо земено, чаршавите и навлаките за перници треба да се перат најмалку еднаш неделно, препорачува стручњакот за токсини во животната средина, Тоња Харис.
– Постојат неколку причини зошто треба почесто да ја миете постелнината во текот на летото… Како прво, очигледно е дека повеќе се потиме, што може да доведе до појава на многу бактерии и непријатни мириси. Но, згора на тоа, алергените, како – полен можат да влезат во домот, така што почестото перење на постелата ќе помогне и во намалување на алергените (и грините) што може да предизвикаат непријатни симптоми, додава таа.
Ако користите горен чаршав или тенко ќебе, и тие треба да се перат.
– Ако се покривате со ќебе, тогаш може да го перете на секои 4-6 недели, а навлаката – на секои неколку дена, вели Харис.
Како и со сите други нешта, секогаш проверувајте ја етикетата со упатства за перење и одржување. На пример, памукот може да се измие во топла вода, додека другите материјали подобро се перат во поладна вода.
За длабоко чистење на душекот, Харис препорачува правосмукалка 2-3 пати годишно, од двете страни – заради отстранување на бактериите и алергените. – Душекот може да го посипете и со тенок слој сода бикарбона, оставајќи го да стои така неколку часа пред да се помине со правосмукалка – така ќе се отстранат мирисите, вели таа.
И, конечно, последно и најважно нешто е туш пред спиење. Тоа, пред сѐ, ќе ги намали непријатните мириси – потта, маслата за тело и другите нешта насобрани преку денот.