Меѓународниот олимписки комитет (МОК) соопшти денеска дека сите спортистки, кои се мајки и дојат, ќе можат да ги понесат своите бебиња на Олимпијадата.

Иницијативата ја поведе 37-годишната канадска кошаркарска репрезентативка, која предупреди дека е принудена да избира дали ќе учествува на Игрите, или ќе мине 28 денови во Токио без својата ќерка.

– Јапонските навивачи ќе бидат присутни на трибини, исто како и спонзорите, додека јас ќе морам да бидам одвоена од своето бебе, изјави Гушер.

Кошаркарката ја дозна радосната вест од својот сопруг додека тренираше со своите репрезентативни колешки.

– Пресреќна сум и благодарна на сите луѓе кои ми помогнаа во оваа битка. Верувам дека е донесена вистинска одлука за сите жени вклучени во спортот. Беше потребно малку време, но важно е дека е направен чекор напред, порача Гушер.