Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во моментов ја истражува можноста за прилагодување на школарината. Ректорката Билјана Ангелова потврди дека универзитетот бара мислење од факултетите дали сегашната структура на школарината е оправдана или има потреба од корекции.
Според ректорот Ангелова, разгледувањето е во рана фаза, а официјална одлука не е донесена. Сепак, таа нагласи дека секое потенцијално зголемување на партиципацијата треба да го покрие Владата, со што ќе се олесни финансискиот товар на студентите. Ангелова истакна дека последното усогласување на школарината се случило во учебната 2010/11 година кога цените се преполовени и се движеле од 400 до 800 евра.
– Инфлацијата, зголемените животни трошоци и скапите вежби на факултетите придонесоа за потребата од преиспитување на школарината, вели Ангелова
Министерството за образование и наука (МОН) потврди дека ова е внатрешен процес и прашање на УКИМ, но сумата за школарина засега ќе останат исти. МОН ја истакна својата заложба за инклузивност, наведувајќи дека одлуките што ги засегаат студентите ќе вклучуваат организации кои ги претставуваат идните академски граѓани.
Како одговор на тековните дискусии, Универзитетското студентско собрание при УКИМ излезе со соопштение во кое изразува загриженост за потенцијално дополнително финансирање на универзитетот, нагласувајќи дека какво било финансиско прилагодување не смее да биде на товар на студентите.
Потенцијалниот предлог на ректоратот за зголемување на школарината, доколку биде финализиран, ќе биде доставен до Владата во март, што се совпаѓа со поднесувањето на конкурсите на Универзитетот за одобрување. Тој период Универзитетот ги дефинира квотите, а и цената за студирање. Ангелова појасни дека во барањето ќе се предвиди Владата да ја покрие разликата, со што ќе ги спречи студентите да ги сносат дополнителните трошоци.
Сепак, март го означува и присуството на преодна влада, ограничувајќи ја можноста за доделување дополнителни средства во тој период. И покрај ова, администрацијата на универзитетот останува оптимист за изнаоѓање решение што нема негативно да влијае на студентите.
Студентските организации активно се залагаат за нивно вклучување во процесот на одлучување. Анисија Угриновска, претседател на Студентското собрание на Универзитетот, ја истакна потребата од транспарентност за тоа како ќе се подмират зголемените трошоци за учество од страна на Министерството за образование.
Извор: 24mk
Извор: Сител
- ХЕРОЈОТ НА КОБНИОТ ДЕН 11 ПАТИ ПАТУВАШЕ ОД КОЧАНИ ДО СКОПЈЕ: Откриено спомен обележје за Илчо Гоцевски во Кочани
Откриено спомен обележје за Илчо Гоцевски, 64-та жртва на пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани. Иле, возач во Итната медицинска… - „ПРАВДА ВО МАКЕДОНИЈА МОРА ДА ИМА“: Стојаноски потенцира дека граѓаните очекуваат резултати од јавниот обвинител
Пратеникот во Собранието на Република Македонија, Бојан Стојаноски објави дека денес Собранието на Република Македонија избра Државен јавен обвинител. Стојаноски… - Димитриеска-Кочоска на средба со претставници од ММФ: Економијата со стабилен раст и јасна фискална рамка
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средбa со претставници на Меѓународниот монетарен фонд на коja беа презентирани најновите макроекономски… - Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
Започна распределбата на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди за граѓаните кои се стекнале со право по… - УЖАС ВО КИСЕЛА ВОДА: Скопјанец тепал сопруга и малолетна ќерка со тврд предмет
Скопјанец тепал сопруга и малолетна ќерка со тврд предмет Вчера во 22:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници…
