Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во моментов ја истражува можноста за прилагодување на школарината. Ректорката Билјана Ангелова потврди дека универзитетот бара мислење од факултетите дали сегашната структура на школарината е оправдана или има потреба од корекции.
Според ректорот Ангелова, разгледувањето е во рана фаза, а официјална одлука не е донесена. Сепак, таа нагласи дека секое потенцијално зголемување на партиципацијата треба да го покрие Владата, со што ќе се олесни финансискиот товар на студентите. Ангелова истакна дека последното усогласување на школарината се случило во учебната 2010/11 година кога цените се преполовени и се движеле од 400 до 800 евра.
– Инфлацијата, зголемените животни трошоци и скапите вежби на факултетите придонесоа за потребата од преиспитување на школарината, вели Ангелова
Министерството за образование и наука (МОН) потврди дека ова е внатрешен процес и прашање на УКИМ, но сумата за школарина засега ќе останат исти. МОН ја истакна својата заложба за инклузивност, наведувајќи дека одлуките што ги засегаат студентите ќе вклучуваат организации кои ги претставуваат идните академски граѓани.
Како одговор на тековните дискусии, Универзитетското студентско собрание при УКИМ излезе со соопштение во кое изразува загриженост за потенцијално дополнително финансирање на универзитетот, нагласувајќи дека какво било финансиско прилагодување не смее да биде на товар на студентите.
Потенцијалниот предлог на ректоратот за зголемување на школарината, доколку биде финализиран, ќе биде доставен до Владата во март, што се совпаѓа со поднесувањето на конкурсите на Универзитетот за одобрување. Тој период Универзитетот ги дефинира квотите, а и цената за студирање. Ангелова појасни дека во барањето ќе се предвиди Владата да ја покрие разликата, со што ќе ги спречи студентите да ги сносат дополнителните трошоци.
Сепак, март го означува и присуството на преодна влада, ограничувајќи ја можноста за доделување дополнителни средства во тој период. И покрај ова, администрацијата на универзитетот останува оптимист за изнаоѓање решение што нема негативно да влијае на студентите.
Студентските организации активно се залагаат за нивно вклучување во процесот на одлучување. Анисија Угриновска, претседател на Студентското собрание на Универзитетот, ја истакна потребата од транспарентност за тоа како ќе се подмират зголемените трошоци за учество од страна на Министерството за образование.
Извор: 24mk
Извор: Сител
- ПОДДРШКА ЗА МЕНТАЛНАТА СИЛА И ВЕСТИ ЗА ЗДРАВЈЕТО: Бесплатна онлајн работилница со Марко Пејчиновски на платформата РЕсет
Фармацевтската компанија Реплек организира нова бесплатна онлајн едукација под наслов „РЕсет за внатрешна сила. РЕсет за добросостојба“. Настанот ќе се… - ИНФРАСТРУКТУРНО ПАРТНЕРСТВО ЗА 5G МРЕЖАТА: Првите сервери на Оне Македонија пристигнаа во дата-центарот на Неотел
Компаниите Оне Македонија и Неотел воспоставија официјална стратешка соработка насочена кон изградба и развој на телекомуникациската инфраструктура за третиот мобилен… - РАСТ КАЈ НОВООДОБРЕНИТЕ КРЕДИТИ: Просечната каматна стапка во септември достигна 4,94 отсто
Во текот на септември 2026 година се забележани нови поместувања кај каматните стапки на банките и штедилниците во земјата. Просечната… - ЛИНИИТЕ СЕ ПРЕОПТОВАРАНИ СО БАНАЛНИ ПРАШАЊА: Бројот 112 да се користи исклучиво за итни случаи, апелираат од ЦУК
Центарот за управување со кризи (ЦУК) упати сериозен апел до сите граѓани да го користат единствениот број 112 одговорно и… - ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА НАДМИНА 300 ЕВРА: На домашната берза МЕМО мегават час достигна 324,86 евра
Берзанските цени на електричната енергија во регионот и на домашниот пазар бележат високо ниво на тргување на 30 октомври 2026…
