„Александар Николов во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило за потребите на општинските инспекции и останати општински служби за теренските активности“, кажа Зоран Заев за неговиот шофер пироман.

А.Н. шоферот на Заев кој е уапсен за потпалување пожар бил шофер на Заев, тоа и самиот го признава, но како народната – ,,Не по врат, по шија“ се вади не беше мој на општината беше.

СДС наместо да пишува излитени одговори на прес-конференции, треба да се соочат со фактот дека се разобличени.

Луѓе блиски до Заев и СДС се уапсени за потпалување пожари.

Не очекувавме од Заев дека ќе признае дека се најблиски, но од СДС очекувавме минимум човечки капацитет и да го осудат потпалувачот и да се дистанцираат од Заев, но очигледно тоа е преголемо очекување, се наведува во партиското сопштение.