Секторот за внатрешни работи Скопје спроведува интензивна потрага по 12-годишната М.Љ. од Скопје, која на 5 октомври 2025 година се оддалечила од својот дом, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Случајот во полиција го пријавила нејзината мајка, Е.Љ., по што веднаш биле преземени мерки за лоцирање на девојчето.

Полицијата извршила пребарување на пошироката околина, ги известила граѓаните и стапила во контакт со сите надлежни институции и служби.

Од МВР апелираат до сите кои располагаат со информации за местоположбата на девојчето веднаш да се јават во најблиската полициска станица или на бројот 192.